#000084

saksije

Градинарот Цветко решил да го разубави својот двор украсувајќи го со цвеќе.
Тој сака да постави N сакции во ред (1<=N<=1000000) и во секоја од N-те
саксии да има K килограми земја (0<K<1000), а потоа во нив тој засадува различни
цвеќиња. Затоа тој од фирма за продажба на цвеќе нарачал N саксии во кои се наоѓаат K
килограми земја. Фирмата била толку љубезна па не само што ги донела цвеќињата туку и ги
поставила во ред. Меѓутоа утредента градинарот Цветко доживеал голем шок. Некои
саксии имале повеќе, а некои помалку од K килограми земја. Но сепак градинарот
Цветко се смирил кога приметил дека вкупната тежина на земја во сите саксии е K*N
килограми, па грешката може да се исправи. Градинарот Цветко сака при префрлањето
на земјата во секоја саксија да има K килограми земја, а притоа да вложи најмал труд.
Тој знае дека за префрлување на X килограми земја од саксијата која е i-та по ред во
саксијата која е j-та по ред тој троши X*|i-j| џули енергија. Потребно е да се одреди
минималната енергија која градинарот Цветко треба да ја потроши за да ја исправи
грешката на фирмата за цвеќе.



Input Во првиот ред се наоѓаат целите броеви N и K. Во вториот ред се наоѓаат N цели
броеви кои се поголеми или еднакви на 0. На пример i-тиот број (1<=i<=n) во другиот
ред означува колку килограми земја се наоѓаат во i-тата саксија кога се гледа од Цветковата
спална од лево на десно.


Output Преку стандарден излез треба да се впише еден број кој е еднаков на W mod 1000000000,
каде W е минималниот број на џули кои Цветко треба да ги потроши за да ја исправи грешката
на фирмата од која ги купил саксиите.


Влез:6 4
5 6 2 1 7 3


Излез:8

Submit solution

Coming later

The grading service will be connected in a later migration step. You can inspect the task and your previous results now.