krtice
Две групи кртови се нашле на соседните страни од правоаголна ливада оградена со ограда. Секој од кртовите нашол по една дупка на оградата. Во моментот кога почнало да врне кртовите почнале да копаат во правец нормален на оградата. Кртот копа тунел се додека не дојдат до веќе ископан тунел (сите тунели се на иста длабочина), а потоа почнува да се движи низ веќе ископаните тунели. Ако е дадена брзината со која секој крт копа тунел, потребно е да се одреди колку долго секој крт ќе копа пред да наиде на веќе ископан тунел. Ако некој крт никогаш нема да наиде на ископан тунел, се испишува -1.
Во следните n1 редови се дадени податоците за кртовите од првата група(еден ред содржи податоци за еден крт). Секој ред содржи по два реални броја кои ја означуваат одалеченоста на кртот од аголот на ливадата(на почетокот) и брзината со која тој крт копа тунел. Следните n2 редови содржат податоци за кртовите од втората група. Одалеченоста и брзината се позитивни цифри помеѓу 0 и 1000000.
Влез:
2 3
1 4
2 5.1
4.5 3.6
1 1
5 0.5
Излез:
4.50
0.88
-1.00
1.00
-1.00
Забелешка: Не е можно двата крта да стигнат во исто време копајќи тунели
Submit solution
Coming laterThe grading service will be connected in a later migration step. You can inspect the task and your previous results now.