#000086

krtice

Две групи кртови се нашле на соседните страни од правоаголна ливада оградена со ограда. Секој од кртовите нашол по една дупка на оградата. Во моментот кога почнало да врне кртовите почнале да копаат во правец нормален на оградата. Кртот копа тунел се додека не дојдат до веќе ископан тунел (сите тунели се на иста длабочина), а потоа почнува да се движи низ веќе ископаните тунели. Ако е дадена брзината со која секој крт копа тунел, потребно е да се одреди колку долго секој крт ќе копа пред да наиде на веќе ископан тунел. Ако некој крт никогаш нема да наиде на ископан тунел, се испишува -1.


Input Преку стандарден влез во првиот ред се наоѓаат два цели броја: n1-бројот на кртови во првата група(од едната страна на ливадата) и n2-бројот на кртови од втората група(од другата страна на ливадата), (0<n1, n2<5000).
Во следните n1 редови се дадени податоците за кртовите од првата група(еден ред содржи податоци за еден крт). Секој ред содржи по два реални броја кои ја означуваат одалеченоста на кртот од аголот на ливадата(на почетокот) и брзината со која тој крт копа тунел. Следните n2 редови содржат податоци за кртовите од втората група. Одалеченоста и брзината се позитивни цифри помеѓу 0 и 1000000.

Output Преку стандарден излез во следните n1+n2 се испишува по еден број кој го означува времето за кое соодветниот крт сам копа тунел. Редоследот на времињата соодветствува со редоследот на кртовите во влезот. Излезот е заокружен на две децимали, а допуштеното отстапување е 0.01.

Влез:
2 3
1 4
2 5.1
4.5 3.6
1 1
5 0.5


Излез:
4.50
0.88
-1.00
1.00
-1.00

Забелешка: Не е можно двата крта да стигнат во исто време копајќи тунели


Submit solution

Coming later

The grading service will be connected in a later migration step. You can inspect the task and your previous results now.